ЕУ-членките досега со 68 милијарди евра помош за Украина

by Fokus

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска во Прага апелираше да продолжи дневната материјална помош за Украина, на која, како што рече, членките на Европската унија досега и помогнале со вкупно 68 милијарди евра.

Фон дер Лајен по разговорот со чешкиот претседател Петр Павел рече дека Европската комисија утре ќе предложи закон за производство на муниција.

„Претседателот Павел се врати од Украина и ми рече дека она што е најпотребно сега е муниција“, изјави таа.

Фон дер Лајен додаде дека предлогот за нова регулатива содржи и финансиска клаузула во износ од една милијарда евра.

„Испораката на муниција е од клучно значење за одбраната на Украина и евентуална контраофанзива и враќање на териториите. Разговаравме и за членството на Украина во ЕУ. Знаеме дека нема да биде лесно, но подготвени сме да и помогнеме да се надмине тешкотии.Затоа што во наш интерес е да ја прошириме зоната на стабилност и безбедност што ја претставува ЕУ“, рече чешкиот претседател.

Поврзани новости