ЕУ бара примена на здравствениот сертификат уште во јуни

by Fokus

Алијансата на европскиот манифест за туризам очекува дека сертификатите ќе бидат применети пред 1 јули, кога тие официјално треба да стапат во сила низ цела ЕУ.

Секторот за туризам во ЕУ вели дека примената на сертификатот е неопходна уште во јуни за да се обезбеди повторно слобода на движење низ ЕУ, што е од витално значење за претстојната летна сезона и закрепнување на туристичкиот сектор.

Договорени се дигитални сертификати за Ковид-19 меѓу Европската комисија, Европскиот парламент и Советот на ЕУ.

Сертификатот, кој ќе го издадат националните власти во дигитален или хартиен формат, ќе наведе дали некој е вакциниран, има неодамна негативен „PCR“ тест или е привремено имун по опоравување од инфекција.

Европската комисија ги повика земјите-членки да подготват логистика за издавање и признавање на издадени сертификати низ цела ЕУ што е можно поскоро.

Кога станува збор за издадени сертификати од трети земји, Брисел наведува дека ќе се водат индивидуални разговори за меѓусебно „признавање“ на сертификатите и дека во меѓувреме, на земјите-членки им е сугерирано да прифаќаат докази за вакцинација на државјани на трети земји.

Поврзани новости