Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Чарлс Мишел, бараат да се спроведе истрага за потеклото на коронавирусот.
Целта, како што велат, е да се открие вистината за почетокот на пандемијата.
-Светот треба да знае што се случи за да извлечеме поуки. Ние ќе ги поддржиме сите напори да обезбедиме транспарентност и да ја откриеме вистината, рече Мишел на прес-конференција.
Претседателката на Комисијата изјави дека треба да знаеме како точно настанала оваа страшна глобална пандемија. Урсула фон дер Лајен посочи на фактот дека многу се научи од финансиската криза во 2008 година.
-Имајќи предвид дека Европската Унија добро ја анализираше кризата и ги разви соодветните алатки, ние мора брзо да реагираме во сегашната здравствена криза. Сега треба да го сториме истото и да осигураме дека оваа криза нема да се повтори, рече Лајен.
Како што додаде, сега е клучно да им се даде на истражителите целосен пристап до сите информации, кои се важни за утврдување на потеклото на пандемијата.