Европската Комисија бара дополнителни информации од владата за скандалот со европските пари за земјоделците.
Од Брисел за телевизијата „24“, велат, дека се свесни за ситуацијата, побарале од властите во земјава додатни податоци, но не може да дадат повеќе информации во оваа фаза.
Свесни сме за ситуацијата и побаравме дополнителни информации од властите на Северна Македонија. Комисијата не може да даде дополнителни коментари во оваа фаза“, велат од Брисел.
Дипломатски извори брифираат дека не се исклучува во истрагата да се вклучи и Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) – ако се утврди злоупотреба, можно е државата да биде обврзана да враќа пари на ЕУ.
Во актуелниот извештај на ЕК за напредокот на земјата кон членството во ЕУ, во кластерот 5 и поглавјето 11 стои дека треба да се стави фокус на мерките против корупција во ИПАРД.
„Во однос на мерките против корупција, телата на ИПАРД се обврзани да спречуваат, откриваат и пријавуваат неправилности“, пишува во извештајот.