Под мотото „E-commerce: Untangling Potential” денеска во Скопје започна седмото издание на Конференцијата за е-трговија во организација на Асоцијацијата за е трговија на Македонија,- Ecommerce.mk . На настанот се појавија повеќе од 700 домашни и странски гости, а покрај врвни и еминентни експерти од големите светски брендови ТикТок, Опен АИ (креаторот на Чет ЏПТ), Кларна, Заландо, Виза..присутни се и претставници од најуспешните регионални бизниси.
Претседателката на асоцијацијата Нина Ангеловска Станков ја отвори конференцијата со презентација на клучните сознанија од анализата со наслов „Преглед на Е-трговијата во Западен Балкан, 2024 година”, кои покажуваат напредок во однос на претходните години но потенцираше дека има простор уште многу да се направи.
Ангеловска Станков ги повика етрговците и новинарите заедно да вршат притисок на властите за работите побрзо да се подобрат.
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски ги поздрави напорите и напредок на трговците од овој сектор но и ги предупреди граѓаните да внимаваат на измами.
“Измамите се феномен со кој се соочуваат сите држави, а со оглед дека станува збор за независnи платформи како фејсбук, инстаграм и тик-ток врз кои земјите немаат регулаторна контрола, мора да се најдат хибридни или „странични“ начини за справување. Многу е значајно луѓето кои се злоупотребени да пријавуваат, но и лицата, модерно наречени инфлуенсери, доктори , јавни личности,…, кога ќе забележат дека нивниот идентитет е украден или злоупотребен, тоа да го пријавуваат за да можеме веднаш да реагираме” истакна Андоновски.
На конференцијата ќе се дебатира и за предизвиците на е-трговците поврзани со доставата, можностите за е-плаќање, прекуграничнот и меѓународен раст на бизнисите, и секако маркетингот и вештачката интелегенција во е трговијата.