Етноепигони

by Фокус

Со ефектот на камелеон како метафора за способност на камуфлирање дејствија и манири на други, ВРЕДИ продолжува да го „храни чувството на племенска припадност преку имитирање и симулирање на нераскинлив дел од три држави на Албанците. Парадоксот е што повеќе од две децении македонските корумпирани говеда на власт мазохистички благословуваа и финансираа паралелни албански институции.

Пишува: Д-р Гроздан ЦВЕТКОВСКИ

Најдоа, па зајдоа! Во изблик на примитивен етношовинизам, коалицискиот партнер во власта ВРЕДИ не се откажува од фикс идејата за етничка албанска академија на науките и уметностите. Се фатија како пијани за плот, паралелната институција да почне да функционира веќе следната година. Првично ќе се финансирала од општинските буџети на Чаир, Желино, Тетово и Гостивар.

Колку е фенси и кул да се бараат права, а да се нема трошка усул за идентификација со државата, лојалност и одговорност! Во попристојна верзија, сожителите од албанскиот етнос отекоа со барања за човекови права. Кој за што, тие за големоалбанската кауза.

ЕТНОШОВИНИСТИ

Не мора да се биде како славниот психолог Карл Јунг, за да се утврдат одредени модели на однесување. Доволно е да се има таксират да се живее во нефункционална Македонија, во која релативизацијата не признава никакви принципи. Држава во која сѐ може да биде, но не мора да значи!

ВРЕДИ со сите сили настојува да ги негира сатанизирањата кон нив од ДУИ за наводно уништување на националните достигнувања на Албанците. Обвинувања за вазали на ВМРО-ДПМНЕ во тивкото укинување на албанскиот јазик и националното знаме, што било срам и арам пред нивните браќа од Албанија и Косово. Интриги дека ВМРО-ДПМНЕ ги уценило да молчат за оценување на уставноста на законите за бранители, балансерот и двојазичноста.

Заради парирање на провокациите, неопитните политички натуршчици од ВРЕДИ се фатија на јадицата и почнаа да се однесуваат и да дејствуваат во манирот на етношовинисти од најдолен вид. Иницираа формирање паралелна академија со етнички академици, популарно наречени „бесмртници“, во контекст на долгорочната стратегија на албанската кауза.

Бројлер академиците би ги црпела од резервоарите на дваесет и трите акредитирани универзитети, пред сѐ од седумнасетте приватни, во кои просечно годишно турбо се промовираат околу 2.000 магистри на науки и специјалисти, а со звање доктор на науки се стекнуваат околу 200 академски граѓани!

Типични етноепигони! Во преносна смисла, синоним за комплексари оние што се обидуваат да имитираат идеи и методи. Но, проблем е што науката нема политичка, а уште помалку етничка припадност.

Во земјата Епигонија, имитацијата била главен критериум за морална и секоја друга исправност на сознанието дека одредена работа е ин, кул, во тренд и помодарска. Перфидна форма на копирање, крадење идеи и нивно претставување како свои.

„ЕФЕКТОТ НА КАМЕЛЕОН“

Ако се загребе по површината, може да се воочи дека станува збор за форма на завист и егзибиционизам, со кое се настојува своето да личи на туѓо, дури и подобро од него. Нешто е тоа, па не е тоа, па можеби е, а можеби и не, па е сѐ од тоа по малку, а не е ништо!

Имитирање постапки, зборови и идеи со цел да бидат поригидни од некогашните „терористи“ набрзина преобразени во „борци за човекови права“, а потоа камелеонски трансформирани во лицемерни „интегративци“, па „зелени“ и сега „европски фронтмени“.

Така најсублимирано може да се дефинира неумереноста и незаситноста на политичарите натуршчици од ВРЕДИ, наспроти „препредените дуиџиски волци“. Однесување исто како потуриците, кои сакаат да бидат поголеми Турци од асли Турците.

Со „ефектот на камелеон“ како метафора за способност на камуфлирање дејствија и манири на други, ВРЕДИ продолжува да го „храни“ чувството на племенска припадност преку имитирање и симулирање нераскинлив дел од три држави на Албанците.

Парадоксот е што повеќе од две децении македонските корумпирани говеда на власт, мазохистички благословуваа и финансираа паралелни албански институции.

Индикативно е што актуелизирањето на идејата за етничка Академија се совпаѓа со притисокот за промена на Уставот како почетна фаза од етнофикацијата, преку распад на унитарноста на државата до нејзино ново преформатирање како финализирање на процесот на разнебитување!

Поврзани новости