Фатмир Етеми сопственикот на парцелата кај Мајчин дом кој има одобрение за градба од осум ката, вели дека ги разбира граѓаните кои протестираат, но дека тоа земјиште е негов приватен имот.
– Јас сите правни процедури досега сум ги почитувал до крај. Долго време сум со бизнисот со градежништво и сум одличен познавач на овие постапки. Јас бев денеска кај градоначалникот на средба и ме информира дека ќе донесе одлука за да го стопира градењето на зградата, бидејќи оградата на градилиштето не била поставена според одобрението за градба. Јас не се согласувам со тоа и ќе поднесам жалба. За да не дојде до овој проблем и до оваа ситуација требаше многу порано да се реагира, а не кога е уплатено земјиштето 3 милиони евра, комуналиите 2 и кусур евра, вкупно се потрошени 5 и пол милиони евра, што е висока сума – изјави инвеститорот Етеми за 1ТВ.
Според него не е во ред советниците што го гласале ДУП-от сега да протестираат и да нанесуваат голема штета на бизнис заедницата.
-Го разбирам револтот на граѓаните. Но треба да бидеме коректни до крај. Велат дека им го земам зеленилото, но тоа е мој имот, тоа е мое уставно гарантрано право на имот – изјави Етеми.