78
Естонската премиерка Каја Калас изјави дека Естонија нема план Б доколку Украина ја загуби војната.
„Не треба да се препуштиме на песимизмот. Победата во Украина не е само за територија“ вели таа за Би-Би-Си.
Владата на Естонија одвои повеќе од еден процент од естонскиот БДП за воена и финансиска помош за Украина.
„Ако секоја земја на НАТО го направи тоа, Украина ќе победи“ – посочува Калас.
Естонија, мала балтичка држава која некогаш беше дел од Советскиот Сојуз, е уверена дека откако ќе завршат борбите во Украина, рускиот претседател Владимир Путин ќе го сврти своето внимание кон Балтикот, барајќи да ги врати земјите како Естонија под контрола на Москва.