ЕСМ задоволна од едноцифреното покачување на струјата

by fokus

АД ЕСМ преку пишано соопштение го поздравува фактот што Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) одлучи покачувањето на цената на електричната енергија да биде во минимални рамки и едноцифрено.

-АД ЕСМ претходно се согласи да ја продава електричната енергија кон ЕВН хоум за потребите на граѓаните по компромисна цена од 41 евро за мегават час, со цел да не предизвика значајно покачување во својот дел на учеството во крајната цена на струјата. При одредување на цената на АД ЕСМ, со првенствено значење се земаше токму проекцијата на тоа која ќе биде крајната цена за потрошувачите. Од тие причини се внимаваше ЕСМ да предложи и Владата да поддржи и да препорача цена која нема да предизвика голем ценовен шок во општеството, а сепак ќе ја задржи стабилноста на компанијата,се вели во соопштението од АД ЕСМ.

Во таа насока, се потенцира, се и последните одлуки на Владата за дополнително снабдување на ЕВН хоум преку ЕСМ во услови на кризна состојба.

-Улогата на АД ЕСМ со новиот закон за енергетика е државниот производител на електрична енергија да обезбеди времена ценовна тампон зона во период од неколку години. АД ЕСМ ги вложува сите капацитети, и производни и човечки, да ја исполни својата обврска и да одржи стабилен и сигурен електро-енергетски систем и непречена испорака на електрична енергија за домаќинствата, се посочува во соопштението од АД ЕСМ.

Поврзани новости