295
АД ЕСМ вчера произведе 18.045 мегават часови електрична енергија, со што целосно со сопствена произведена енергија ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбената индустрија и други витални државни субјекти, информираат од Владата.
-Во термоелектраните се произведени 15.002, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци 3.043 мегават часови електрична енергија, посочуваат од Владата.