325
ЕСМ соопшти дека почнало остранувањето на опожарениот топловод од мостот Беласица во Скопје, кој се запали минатиот месец.
„Започнаа теренските активностите за отстранување на опожарениот топловод на мостот “Беласица”. ЕСМ ‘Дистрибуција на топлина’ ќе вложи максимални напори демонтажата да се заврши во најкраток можен рок.
Почетокот на активностите за санација на опожарениот топловод е поврзан со завршување на сите дејствија на мостот од страна на вклучените релевантни институции и компании“, соопштои ЕСМ.
Пд ЕСМ велат дека и покрај опожарувањето на мостот Беласица, во следната грејна сезона, која почнува во октомври годинава ќе има сигурна и непрекината испорака на топлинска енергија до сите потрошувачи приклучени на дистрибутивната мрежа.