ЕСМ: Оштетен дел од каналот за снабдување на ХЕЦ Врбен со вода

by Fokus

На доводот Горна Радика, поточно Речки канал, како последица од интензивните врнежи во последните неколку дена, се случи појава на лизгање на теренот и оштетување на дел од каналот, при што дел од водата се излева надвор од доводот, информира АД ЕСМ.

-Наши стручни лица се на терен и се преземаат сите мерки околу санирање на оштетениот дел од каналот, кој во преостанатиот дел е во функција и непречено ги носи водите до хидроелектраната Врбен, соопшти ЕСМ.

Поврзани новости