ЕСМ не објави нова набавка, ќе имаат ли топланите Исток и Запад гас за своите корисници од 1 декември?

by Fokus

ЕСМ ги троши последните количини на гас кои ги има на располагање за непречено функционирање на топланите Исток и Запад и снабдување на скопјани со топлинска енергија.

Гасот наменет исклучиво за топланите беше купен кон средината на месецот беше наменски и за периодот до 30 ноември односно до среда.

Засега нема нова набаква на гас за двете скопски топлани а од ЕСМ без прецизен одговор дали кога и колку гас ќе набават.  па не е јасно дали од утре топланите ќе имаат гориво за парното греење на скопјани, објави „Телма“.

Поради тоа што топланите немаат филтри, а гасот е достапен на пазарот, Министерството за животна средина деновиве му забрани на ЕСМ да користи мазут или дизел како гориво.

Поврзани новости