157
Управниот одбор на АД ЕСМ именуваше нови директори во дел од подружниците и друштвата во рамки на компанијата.
За директор на подружница ХЕС „Црн Дрим“ е назначен Гоце Божиновски, доктор по технички науки и истакнат стручен кадар со долгогодишно работно искуство во подружницата.
Горан Исков, дипломиран информатичар со работно искуство во ЈКП „Водовод“ Битола, е назначен за управител на ЕСМ Молика, а за управител на Фабрика за опрема и делови ФОД ДООЕЛ – Новаци е именуван Николче Котевски, кој работел во Царинската управа.