ЕСМ мора да обезбеди 100 проценти од потребната струја

by Fokus

Управниот и Надзорниот одбор на АД ЕСМ, и директорите на сите подружици, денеска одржаа состанок во ХЕС Црн Дрим во Струга, на кој се расправаше за зголемување на планот за производство за 2022г.

Владата на Р. Северна Македонија на последната затворена седница го задолжи АД ЕСМ да обезбеди 100% електрична енергија за ЕВН Хоме за потребите на граѓаните и малите потрошувачи за периодот јули-декември 2022г., по цена од 48e/MWh.

За зголемувањето на планот за производство земени се предвид динамиката на ископ на јаглен во сопствените рудници, можностите за нејзино интензивирање, постапките за набавка на јаглен и мазут, набавката на гас, движењето на цените и достапноста на енергенсите на регионалниот пазар, и можностите за оптимизирање на потрошувачката и заштеда на средства.

За второто шестмесечје од 2022г.. ЕСМ законски може да понуди електрична енергија од само 60% од потребите, но во тој случај Универзалниот снабдувач би набавувал 40% по цена на берзите, кои стигнуваат и до 360e/MWh, што би значело енормно покачување на крајната цена за граѓаните.

Поврзани новости