ЕСМ ќе се задолжи со 30 милиони евра од приватна банка

by Fokus

Државните електрани, ЕСМ договорија ново задолжување тешко 30 милиони евра од комерцијална банка од земјава. Каматната стапка ќе биде околу 3,5 отсто, а парите ќе се трошат за ликвидност.

На крајот на ланската година загубата на ЕСМ изнесуваше 123 милиони евра. Актуелното раководство на државната фирма вели дека претходната власт правела системско уништување на производствените капацитети

„Се работи за една банка од каде што ќе биде подигнат кредитот и би било некоректно да кажеме нешто пред да биде потпишан договорот. Парите ќе бидат искористени за потребите и обврските на компанијата кон добавувачите. Тоа што е договорено и што очекувам НРСХ плус 1,5% што е подобро од синдицираниот кредит што го земавме тогаш.“, велат од ЕСМ.

Ваквата финансиска состојба нема да има влијанија врз цената на струјата за домаќинствата, велат од ЕСМ. Додаваат дека на тендерот на ЕВН за следните шест месеци нема да понудат повисока цена од актуелната која изнесува 62 евра за мегават час. Во првиот квартал трошокот за производсто изнесувал 98 евра за истото количество струја да биде произведено.

Поврзани новости