Две групи малолетници се степале кај хотел „Карпош“, едно дете е прободено

by Fokus

Малолетници се пресметаа утринава во близина на хотел „Карпош“, а еден од нив заврши прободен и во болница. До инцидентот дошло по вербална расправија. На случајот работи полицијата.

„Од ГОБ “8 Септември” е пријавено дека кај нив е донесен повреден малолетник- ученик во СДУ „Ѓорги Димитров”, кој, според пријавеното, се здобил со убодна рана од остар предмет во угостителски објект на територија на Карпош, каде дошло до пресметка помеѓу две групи на ученици“, велат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости