На денешната владина седница прифатена е информацијата за реализација на Договорот за деловно-техничка соработка на АД Електрани на Северна Македонија“ со Друштвото за снабдување со пареа и топла вода Скопје Север АД Скопје.
– Владата го задолжи Акционерското друштво за производство на електрична енергија „Електрани на Северна Македонија“, во државна сопственост, Скопје, да склучи Договор за деловно-техничка соработка за грејната сезона 2022/2023 година со Друштвото за снабдување со пареа и топла вода Скопје Север АД Скопје, во којшто ќе се регулираат сите права и обврски на Скопје Север АД Скопје. Со потпишувањето на Договорот за грејна сезона 2022/2023 година, не се исклучува обврската за исполнување на правата и обврските по веќе склучениот Договорот за деловно-техничка соработка. Задолжено е Друштвото за снабдување со пареа и топла вода Скопје Север АД Скопје, со потпишувањето на Договорот за грејна сезона 2022/2023 година, да ги исполни сите права и обврски од веќе потпишаниот Договор за деловно-техничка соработка, од 21.01.2022 година, со АД ЕЛЕМ – Скопје, се вели во соопштението од Владата.
На денешната владина седница усвоени се и одлуки за доделување средства за финансирање проекти за плански региони за годинава со индикативно планирани средства за 2023 година, предложени од Министерството за локална самоуправа.