Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕ) на главна седница донесе Одлука за издавање на лиценца за вршење на енергетска дејност регулирано производство на топлинска енергија на ЕСМ производство на топлина. Со оваа одлука ЕСМ производство на топлина се стекна со лиценца со рок на важност од 10 години.
„Одлуката следува откако компанијата поднесе барање и ги достави соодветните документи согласно Законот за енергетика и Правилникот за лиценци,со што утврдивме дека условите се исполнетиза да се стекне со лиценца зарегулирано производство на топлинска енергија. РКЕ минатата година издаде три лиценци запроизводство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија на трикомпании на ЕСМ, но оваа лиценца за производство со топлинска енергија, беше издадена во ограничен временски период што беше врзан со грејната сезона поради роковите во кои е склучен договорот за основните средства со Адора инженеринг. Денеска ЕСМ производство има лиценца за 10 години. Како што следите РКЕ во континуитет носи одлуки за сигурна, стабилна и безбедна испорака на енергенси за граѓаните“ изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.
Во 2022 година БЕГ достави известување со кое ги врати лиценците за трите дејности, а како клучни причини ги наведе:кредитна неспособност, нарушена ликвидност, правна несигурност во работењето.