ЕСМ бара да се зголеми цената на парното во Скопје

by Fokus

Државната компанија ЕСМ бара да се зголеми цената на парното во Скопје.

Друштвото за дистрибуција на топлинска енергија „ЕСМ Дистрибуција на Топлина“ Скопје на 18 декевмри поднело барање до Регулаторната комисија за енергетија, за корегирање на цените поради зголемените трошоци за гас.

„Со поднесеното барање, Друштвото за дистрибуција на топлинска енергија ЕСМ бара промена на прогнозираниот трошок за набавка на енергија за 2024 година. Со поднесеното барање Друштвото бара зголемување на трошокот за гориво за 2024 година во износ од 12,92 проценти“, стои во барањето на ЕСМ.

Се очекува Регулаторната комисија до крајот на оваа недела или почетокот на наредната да закаже седница на која ќе се разгледа барањето на ЕСМ и ќе се донесе одлука за нова цена.

Поврзани новости