265
Во петок (утре) во 10:45 часот, во Медија центарот на Владата ќе се одржи заедничка прес-конференција на премиерот Димитар Ковачевски и заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар.
Претставниците на медиумите на заедничката прес-конференција ќе имаат можност за поставување на прашања во формат 2+2, односно две прашања за премиерот Ковачевски и две прашања за заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Ескобар.
Она што ја интересира јавноста е дали Ескобар успеал да ја убеди опозицијата да гласа за уставните измени.
Инаку, попладнево Ескобар имаше средба со претседателот на државата Стево Пендаровски.