Ескобар утре ќе се сретне со Пендаровски, Ковачевски и Мицкоски

by Fokus

Заменик-помошникот државен секретар на САД Габриел Ескобар, кој утре доаѓа во посета на Северна Македонија, ќе се сретне со  претседателот Стево Пендаровски, потврдија од кабинетот на претседателот.

Ескобар предвидено е да се сретне и со премиерот Димитар Ковачевски, како и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Доаѓањето на Ескобар на Скопје следува по започнувањето на собраниската процедура за усвојување на уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот како услов да се одржи втората меѓувладина седница и Македонија да ги продолжи преговорите со Европската Унија.

Пленарната седница за Предлогот за пристапување кон измена на Уставот почна на 18 август. Дневниот ред беше усвоен со 70 гласа „за“, а по исцрпувањето на дискусијата, претседателот на Собранието Талат Џафери го одложи гласањето до обезбедување двотретинско мнозинство.

По обвинувањата зошто ја прекинал седницата, Џафери изјави дека согласно деловникот за работа на Собранието тоа е негово дискреционо право.

Поврзани новости