Ескобар: Ставањето на Мерко на црната листа на САД треба да помогне во борбата против корупција

by Fokus

Се надевам дека ова ѝ помага на владата во Северна Македонија да продолжи со напорите за борба против корупцијата, рече заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар, за албанската редакција на Гласот на Америка.

Тој ова го изјави во одговор на  прашањето дали очекува политички последици откако САД го ставија на црна листа градоначалникот на Струга Рамиз Мерко поради значителна корупција.

Стејт департментот вчера соопшти дека додека ја извршувал функцијата градоначалник на Струга, Мерко „присвоил средства и се мешал во судските и другите јавни процеси, нанесувајќи ѝ штета на вербата на јавноста во демократските институции и функционери во Северна Македонија“.

Поврзани новости