Ескобар: Не бараме опозицијата да го поддржи Ковачевски, туку евроатлантскиот пат на С. Македонија

by fokus

Ние не бараме од опозицијата да го поддржи премиерот. Бараме од опозицијата да го поддржи евроатлантскиот пат на Северна Македонија. Ова е најдобриот договор што го добивме. Тој е разумен, мислам засега, и треба да продолжиме напред што е можно побрзо. Затоа, се надевам дека сите страни на политичкиот спектар ги поддржуваат потребните промени за да можеме да продолжиме напред во унапредување на кандидатурата на Северна Македонија.

Ова во интервју за Гласот на Америка го изјави Габриел Ескобар, заменик-помошникот државен секретар на САД за Западен Балкан.

Не ја коментираше суштината на дипломатските разговори кои се водени со опозицијата во земјава, но додава дека оттаму имаат некои свои мислења за тоа.

-Но, она што би сакал да го слушнам од опозицијата е посветеноста на патот на евроатлантските интеграции. И тоа вклучува разгледување начини како Македонија да се доведе до следната Меѓувладина конференција. Би рекол дека кредибилитетот на процесот на проширување зависи од Северна Македонија. Имаме земја која направи сè што е потребно за да премине на следниот чекор и мислам дека го заслужува следниот чекор. И мислам дека сите, и во рамките на Европската унија, и во политичките структури на Северна Македонија, треба да направат сè што е можно за ова да успее, порача Ескобар.

Поврзани новости