Ескобар: Македонија треба да се бори со корупцијата преку обвинителствата, а не со нашите санкции

by fokus

Заменик-помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Габриел Ескобар на денешниот брифинг со новинарите од регионот порача дека Македонија треба да се справува со корупцијата преку своите обвинителства, а не да ги чека санкциите на САД.

-Наша политика е дека не можеме да дадеме претходен увид во нашите мерки кои се однесуваат на санкции, но можам да ви кажам две работи – првата е дека имаме намера да ги користиме надлежните за санкции, а тоа е да се бориме против корупцијата не само во регионот, туку и низ светот. Оттука, навистина верувам дека најдобар начин за справување со корупцијата е не преку американски санкции, туку преку домашните обвинителства, преку зајакнување на владеење на правото. Нашите санкции не се замена за домашните институции и процеси за промовирање на владеењето на правото. Затоа, би ја охрабрил владата на С Македонија и владите на другите земји во регионот навистина да се посветат на борбата против корупцијата, рече Ескобар.

Во однос на ЕУ интеграциите на Македонија, Ескобар порача дека САД поддржуваат што е можно побрза интеграција на земјава и тој може да ја увери ЕУ дека ќе бидеме продуктивна и доверлива членка, како што сме се покажале и во НАТО.

 

Поврзани новости