Ескобар и Лајчак денес на Атлантскиот совет за продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина

by Fokus

Заменик-помошникот државен секретар и претставник на САД за Западен Балкан Габријел Ескобар и специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина Мирослав Лајчак денеска во Атлантскиот совет ќе одржат јавна дискусија за последните случувања во регионот и на Косово и Србија, каде ќе презентираат можни решенија за намалување на тензиите на северот.

Дискусија за рестартирање на дијалогот меѓу Косово и Србија ќе биде виртуелна и ќе се одржи денеска во 15 часот

Во соопштението на Атлантскиот совет се наведува дека неодамнешниот напредок во нормализацијата на односите меѓу Србија и Косово преку дијалог со посредство на ЕУ е загрозен од ескалација на тензиите на северот на Косово.

Поврзани новости