Ескобар: Дијалогот меѓу Македонија и Бугарија треба да се заснова на факти

by Fokus

Заменик-помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Габриел Ескобар рече дека очекувањата на САД по изборите во Македонија се дека идната влада ќе ја поддржи посветеноста на нацијата кон НАТО и интеграција во Европската унија, како и континуитетот на напорите против корупцијата, што го нагласи како критичен аспект на владеењето.

Ескобар ја потврди непоколебливата поддршка за Македонија и Бугарија, како две ценети членки на НАТО и рече дека дијалогот меѓу двете земји треба да се заснова на факти.

„Го охрабруваме дијалогот меѓу Македонија и Бугарија да остане врз основа на факти и вкоренет во заложбата Македонија да продолжи да има ЕУ перспектива. И верувам дека имаме осигурувања од Бугарија дека тие сакаат Македонија да биде дел од ЕУ. Сакаме да ги искористиме тие можности бидејќи Македонија треба да биде целосен кандидат и итен кандидат за членство во ЕУ.“, рече Ескобар.

Американскиот политичар утре ќе допатува во Приштина. Рече дека овојпат нема да го посети Скопје, бидејќи не сака посетата да се протолкува како мешање во внатрешните работи пред изборите.

Поврзани новости