333
Заменик-помошникот државен секретар на САД Габриел Ескобар, кој денеска доаѓа во посета на Северна Македонија, ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, потврдија од кабинетот на претседателот.
Ескобар предвидено е да се сретне и со премиерот Димитар Ковачевски, како и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Доаѓањето на Ескобар на Скопје следува по започнувањето на собраниската процедура за усвојување на уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот како услов да се одржи втората меѓувладина седница и Македонија да ги продолжи преговорите со Европската Унија.