Се гледа почетокот на подобрувањето на односите меѓу Белград и Приштина, изјави во интервју за Н1 специјалниот американски пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар.
Порачал дека никој не треба да страда поради регистерските таблици и дека двете страи треба да бидат насочени кон европско решение. – Мислам дека мора да го заборавиме наративот Косово е Србија и да преминеме на оној дека Косово и Србија се дел од Европа, порачал тој.
Тој навел дека дошол до порака дека во меѓународната заедница владее огромна загриженост поради потенцијални ескалации на насилството по повод мерките што ги имплементира косовската влада.
-Во текот на посетаа на Приштина, Митровица и Белград стекнав впечаток дека сите страни се посветени на барање на мирно решение за излез од оваа крива. И таа порака ќе ја однесам во Вашингтон. Верувам дека двете страни ќе изнајдат компромисно решение кое на народот на Косово ќе му овозможи мирен живот, рече Ескобар.
Претходно денеска во Белград, тој изрази уверување и надеж дека Србите на северот на Косово нема да видат промени во нивните животи на 1 септември, кога владата во Приштина ќе објави почеток на спроведувањето мерки на реципроцитет.
Ескобар утринава изјави дека неговата надеж е Србите на северот на Косово „суштински нема да станат гости во сопствената земја“, дека „тие ќе бидат признати како легитимни граѓани и на Србија и Косово“ и дека „ќе продолжат да живеат мирно“.Тој синоќа имаше разговори со српскиот претседател Александар Вучиќ и со специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак.