Ескобар: САД остануваат силен поддржувач на евро-атлантските интеграции

by fokus

Економската соработка меѓу Северна Македонија и САД, придобивките од членството на земјата во НАТО, како и регионалните економски соработки биле дел од темите на денешната средба на заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи со заменик помошникот државен секретар на Соединетите Американски Држави, Габриел Ескобар, кој е во работна посета на Република Северна Македонија.

Како што соопштија од кабинетот на Вицепремиерот, на средбата се реафирмираа одличните политичко-економски односи помеѓу двете земји и се заклучи дека САД останува еден од најцврстите стратешки партнери на нашата земја и силен поддржувач на евро-атлантските интеграции.

-Битиќи нагласи дека членството во НАТО, донесе стабилност и сигурност на земјата, а со тоа зголемени можности за нови инвестиции и поголема конкуреност на меѓународно ниво. Посочи дека Владата е посветена на реализација на сите потребни реформи и надминување на отворени прашања, во насока на целосна интеграција во Европската Унија, се наведува во соопштението.

Ескобар, кој беше придружуван од амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз, и Битиќи, се додава, разговараа и за унапредување на бизнис климата, подобрување на инфраструктурната поврзаност во земјата и со соседите, како и реализација на проекти за заштита на животната средина и за одржлив економски развој,  пришто државниот секретар Ескобар ја потенцираше поддршката на САД за сите регионални економски соработки кои носат конкурентна предност за земјите од Западен Балкан.

Поврзани новости