Американски воен авион собори противбродска крстосувачка ракета лансирана од јеменските бунтовници Хути од територијата на Јемен кон американски разурнувач распореден во јужниот дел на Црвеното Море, соопшти американската војска.
Централната команда на САД (CENTCOM) во неделата на платформата X објави дека нема повредени и не е причинета штета. Како што се наведува, проектилот бил соборен во близина на јеменското пристаниште Ходеида.
Хутите претходно во неделата рекоа дека забележале американски авиони во близина на јеменскиот воздушен простор и крајбрежните области.
Портпаролот на Хутите, Мохамед Абдулсалам изјави дека тоа е кршење на суверенитетот на Јемен.
Пропалестинските активисти протестираа во неделата на Кипар поради британската база што се користи за напади против Хутите.