Од вулканот Фаградалсфјал на Исланд, чија пукнатина е широка околу 900 метри, веќе четири дена се излеваат лава и отровни гасови. Ерупцијата на тој вулкан, кој се наоѓа на околу 30 километри од главниот град Рејкјавик, започна во понеделникот во област која не е населена, но привлече илјадници љубопитни луѓе и покрај предупредувањата на властите за опасност од вдишување гасови, пренесува АП.
Третата ерупција на вулканот на Исланд во последните две и пол години претставува ризик не само за луѓето во близина на вулканот, туку дури и за оние кои живеат во Германија, пишува германскиот Франкфуртер Алгемајне Цајтунг
Ерупцијата, која почна во понеделникот во близина на главниот град на Исланд Рејкјавик, претставува најголема опасност за оние кои живеат во непосредна близина на вулканот.
„ Топлината, камењата што паѓаат и испарувањата се особено опасни“, изјави раководителот на Институтот за епидемиологија на центарот Хелмхолц во Минхен, Анет Петерс
Таа додаде дека најголема опасност е високата концентрација на сулфур диоксид што се ослободува при ерупциите.
„Ако го вдишете во големи количини, може да има токсичен ефект. Иритација на респираторниот тракт и отежнато дишење се типични симптоми кои можат да се појават кога концентрацијата е превисока. Ако се појават такви симптоми, веднаш треба да се консултира лекар. Ова е особено важно за астматичарите и лицата со респираторни заболувања“, рече Петерс.
Од друга страна, за оние кои живеат во Германија, воздухот загаден со пареа од вулканите од Исланд претставува помала закана, обично во форма на пепел и микрочестички кои со ветрот стигнуваат до германската почва.
„За нас во Германија, пак, воздухот загаден од вулканот претставува само мала закана“, изјави Питерс.
Вулканските гасови, од друга страна, генерално се помалку опасни во споредба со тековите на лава што се случуваат за време на ерупција.
Фото: АП