Речиси 33.000 жители од неколку општини на шпанскиот канарски остров Ла Палма мора да се засолнат во своите домови од токсични гасови кои ги испушта вулканот Кумбре Виеја, кој почна да еруптира пред три месеци, одлучија локалните власти.
Регионалната влада на архипелагот нареди жителите на општините Лос Љанос де Аридане, Ел Пасо и Тацакорте да се засолнат поради многу лош квалитет на воздухот затоа што вулканот испушта сулфур диоксид.
Во тие општини живеат речиси 33.000 луѓе, што е 38 отсто од популацијата на Ла Палма.
-Затворете ги вратите, прозорците и капаците и спречете влез на воздух од надвор. Засолнете се, ако е можно, во простории кои се наоѓаат повеќе во внатрешноста на домот, советува регионалната влада, додавајќи дека треба да се угасат и климатизерите и греењето и да се затворат вратите и прозорците.
Вулканот Кумбре Виеја еруптира на 19 август, прв пат по 50 години. Досега нема човечки жртви, но материјалната штета е голема. Евакуирани се повеќе од 7.000 луѓе, од кои некои останаа без она што имаа.
Тоа е најдолга ерупција на овој остров и трета во сто години, по ерупцијата на вулканот Сан Хуан од 1949 година и Тенегвија во 1971 година.