Зелена Лупа: Чаков кој бара амнестија од Иванов, во 2014 донирал за неговата кампања

by fokus

Од Здружението Зелена Лупа соопштуваат дека поранешниот шеф на БЈБ, Митко Чаков, кој е осуден на 18 години затворска казна за 27 април, во 2014 година донирал финансиски средства за изборната кампања на претседателот, Ѓорге Иванов. Зелена Лупа ги споделува овие инфорации со јавноста во очи на шпекулациите дека Чавков и други осудени лица за 27 април испратиле барање за амнестија до Иванов.

Според Здружението, Иванов не може и не смее да биде амнестиран или аболициран од страна на претседателот.

„Евентуалното амнестирање или аболицирање на Митко Чавков од страна на Ѓорге Иванов, само по себе е ‘Директен конфликт на интереси’, кое што е спротивно на позитивните законски прописи во државата“, порачуваат од таму.

Зелена Лупа јавно ги повикува СЈО, Државна комисија за спречување на корупцијата и Јавно Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција да ги преиспитаат овие информации преку законско прибавување на докази за ова тврдење и во рана фаза превентивно да биде информиран и опоменат Иванов дека неговата евентуална намера за амнестија или аболиција на Чавков е спротивно на законските прописи во државата.

„Искрено очекуваме брза, ефикасна и транспарентна реакција од соодветните државни органи за да се спречи уште една непромислена глупост од страна на непресметливиот Ѓорге Иванов како што беше случајот со амнестиите кои што ја предизвикаа Шарената Револуција“, велат од Здружението.

Поврзани новости