Зекири: ДУИ се кити со туѓи перја, СДСМ е позаслужна за Законот за јазици

by fokus

Пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири, вели дека коалиција на СДСМ е позаслужна за донесувањето на Законот за јазици, отколку ДУИ. Тој објави статус на својот фејсбук профил со кој порача дека ДУИ се кити со туѓи перја и дека заслугите им припаѓаат на граѓаните кои го прифатија концептот „Македонија едно општество”.

„Речиси една декада на власт со ВМРО ДПМНЕ глас не им се слушна. Денеска со толкава помпезност и пофалби сакаат да се китат со туѓи перја.
Заслугите за отварање на вратите на Македонија за членство во НАТО и ЕУ, како и за официјализирањето на албанскиот јазик, им припаѓаат на граѓаните кои го прифатија концептот “Македонија едно општество” за сите!!!
Без еуфорија, Ве молам. Граѓаните најдобро знаат кој работи за нивно добро“, напиша Зекири.

Неговиот коментар следи откако претседателот на Собранието, Талат Џафери, на социјалната мрежа објави фотографија како го потпишува указот на Законот за јазици и соопштува дека го испратил во Службен весник, со што Законот треба денеска да стапи на сила.

Поврзани новости