418
Од Град Скопје информираат дека на плоштадот „Македонија“ денеска се засадени нови дрвја на местото на оние кои беа откорнати пред посетата на папата Франциск. Од Градот велат дека на местото на двете суви дрвја, кои беа отстранети, сега се засадени две нови.
„Екипите на Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“ во пресрет на посетата на Папата Франциск на Скопје пресадија две дрвја на Плоштад Македонија. Двете суви дрвја на плоштадот беа заменети со две здрави дрвја од друга локација на плоштадот, а на нивните места, денеска беа засадени нови две дрвја“, соопштија од Градот.