Захариева: Илинденското востание е географски македонско, но историски е бугарско

by fokus

Препукувања меѓу власта и опозицијата во Бугарија предизвика македонскиот премиер, Зоран Заев, по неговата изјава за време на празникот Илинден кога заедно со бугарскиот премиер, Бојко Борисов, положија цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев во Благоевград.

Министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева, одговори на повиците на претседателката на бугарската опозициска партија БСП, Корнелија Нинова, која побара од Борисов да реагира на изјавата дадена од Заев во која тој вели дека Илинденското востание е македонско.

Захариева возврати дека нема да прифати совети од партијата која ги предаде коските на Гоце Делчев на Титова Југославија.

„Во врска со прозивките на Нинова до премиерот итно да ги одбрани бугарските национални интереси од премиерот на Македонија, Зоран Заев, кој ги тестираше кревките темели на доброто соседство. Да, Илинденското востание географски може да се рече дека е македонско и тракијско, но историски е бугарско. Госпоѓо Нинова бидете мирни, Владата ги штити нашите национални интереси“, порача таа.

Поврзани новости