Премиерот, Зоран Заев, им испрати пораки на граѓаните дека Македонија има плодно земјиште кое, рече, треба да се искористи за да се зголеми производството на здрава храна. Тој посочи на своето семејство како пример дека секој може да се занимава со земјоделство, за дополнителна заработувачка.
-Од бога ни е благословено поднебјето. Ако луѓето немаат мотив да се занимаваат со земјоделство тенденциите ќе бидат опаѓачки. Годинава нема галама, бунтови, штрајкови кај земјоделците, но ова е краткорочно, мора да осигураме профи на долг рок. Еве како пример, татко ми беше магацинер во „Зиг Струмица“, а мајката ми наставник, ние сите се занимававме со земјоделие, ззатоа што на тој начин се вадеа пари, дополнително, екстра. Мораме тоа да го потикнеме со соодветни полики во земјоделието кои ќе продуцираат ефект – рече Заев на денешната прес конференција во Владата по средбата на Агро комитетот.
Според него со земјоделство може да се занимава и инжинер, политичар или наставник, затоа што, рече, тоа е она што Македонија го нуди.
-Не може во Србија шест тони жито на хектар, а во Македонија три тони. Исто така мораме субвенциите да ги даваме на време, оти ако не ги даваме на време со нив земјоделците ќе си плаќаат струја. Мораме да отвориме нови пазари за пласман. Ќе увеземе нафта, железо, гас, но треба и да го продадеме тоа што имаме за возврат – порача премиерот.