Заев го искритикува судот за пресудата за Алмир: Немаше воедначена правда ако се спореди со пресудата за Саздо

by fokus

Премиерот, Зоран Заев, од собранската говорница денеска порача дека има дискрепанца во судските одлуки во врска со убиствата на Никола Саздоски-Саздо, и малиот 4-годишниот Алмир Алиу кој беше прегазен во Куманово. Заев рече дека по пресудата за Алмир почувствувал горчина.

-Во случајот со граѓанинот Алмир и граѓанинот Саздо немаше воедначена правда. Во првиот случај обвинетиот беше осуден на 6 години затвор, а во вториот на 19. Тоа не е воедначена правда. Чувство на горчина остана кај сите. Судот мора да испраќа порака за воедначена правда за сите. Немам намера да интервенирам во судството, но преку промена на законите и дебата можеме да го подобриме – рече Заев кој зеде збор по реплика на пратеникот, Зијадин Села.

Поврзани новости