464
На премиерот Зоран Заев му беше измерен нормален притисок од 120 со 80, откако вчера во тензична атмосфера се одвиваше дуелот со лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, каде и двајцата се натпреваруваа за да дојдат до збор.
На Заев му беше измерен притисокот на студентски штанд во Штип каде при одбележување на 12-годишнината од формирањето на универзитетот „Гоце Делчев“ студентите ги презентираа програмите за новата студиска година.