Заев ќе иницира истрага за наводите на Бејли во писмото до судиите

by fokus

Премиерот Зоран Заев на седницата за пратенички прашања порача дека ќе се иницира истрага за амбасадорските наводи, соопштуваат од Владата.

На пратеничко прашање да го коментира писмото од амбасадорот Џес Бејли, во врска со посочувањето за неосновано поврзување на негово име со судски одлуки и дали министерката за правда во Судскиот совет ќе покрене истрага, рече дека веќе дал насока во неговиот Кабинет да се стапи во контакт со амбасадата на САД за да се добијат повеќе информации.

-Го сфаќам како порака никој да не се вади на амбасадата за судски одлуки. Ова е доволен сигнал да преземеме анализи што е причината за тоа писмо. Да, ќе дадам инструкции до министерката за правда да го отвори прашањето во Судскиот совет. Ако имало таква работа, да се посочи и да има одговорност – рече премиерот Заев.

Поврзани новости