Заев: Јас ќе подадам рака и не размислувам дека можеби нема да се изнајде решение

by fokus

Веројатно нема да има лидерска заради тоа што немаше некој посебен исчекор во Охрид, изјави денеска премиерот Зоран Заев во врска со последната средба меѓу министрите за надворешни работи на Македонија и Грција. Тој не сакаше да коментира што доколку не се постигне компромис околу преговорите за името.

„Прво јас навистина многу малку или воопшто не размислувам доколку не се постигне, ако не се постигне веројатно ќе продолжиме со разговорите, реформите ќе продолжат во државата, економијата ќе продолжи. Оваа е важна трака по која што се води Македонија, но и неколку други траки се исто така отворени, јас знам дека ние и да не најдеме решение на проблемот со Грција мораме да градиме пријателство, јас ќе продолжам да градам пријателство, ќе подадам рака и ќе се обидувам за два месеци, за пет месеци, за година дена да се изнајде решение. Но, ова би било според мене, еден промил, еден посто од потребата, искрено посакувам да се најде решение, заради тоа што имаме многу што да работиме во иднина, имаме многу малку договори помеѓу двете земји, а сме соседски земји, имаме многу што да подобриме во интерес на граѓаните на двете страни, така да претстојат многу други задачи покрај овој проблем којшто постој помеѓу двете земји“, изјави Заев.

Заев додаде дека никогаш не постоеле подобри услови за преговарачкиот процес, ниту пак поголема извесност за пронаоѓање на решение.

-Јас само испраќам порака дека треба да продолжиме навистина во сето ова со взаемна грижа за позициите од другата страна на преговорите, буквално ние да водиме грижа за грчката страна, така и тие за нашата страна за да можеме до крај да се обидеме да направиме се, со целата памет што ја имаме, со целата креативност, за да двете страни бидат задоволни од конечното решение и подеднакво незадоволни – додаде пемиерот.

 

Поврзани новости