Заев: Разговараме со пратеници и партии од опозицијата кои не се согласуваат со ВМРО-ДМНЕ

by fokus

Премиерот, Зоран Заев, изјави денеска дека се разговара со пратеници и политички партии од опозицијата за зголемување на парламентарното мнозинство. Како што рече тој утре на маргините на пратеничките прашања во Собранието, ќе разговара со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за проширување на коалицијата.

-Ставот на владината коалиција е да оставиме отворени врати. Оставена е можноста премиерот секогаш да разговара со политичари и пратеници подготвени да ја поддржат програмата на Владата и позициите по однос на актуелни прашања, како преговорите за името, реформите и концептот еднакво општество. Има пратеници и политички партии во опозицијата кои не се согласуваат со најголемата опозициона партија. Негуваат концепт близок на владејачката мнозинство, тоа го препознавме и од тука иницијативите да разговараме со сите – рече Заев.

Поврзани новости