432
Поради работни обврски премиерот Зоран Заев нема да сведочи на денешното рочиште за обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села, што се случи на 27 април. Судијката Славица Андреевска истакна дека Заев писмено го известил судот дека не може да присуствува.
Денеска нема да сведочи ниту телохранителот на Заев, Александар Трајков, кој беше во судот, но исто така ја известил судијката дека поради работни обврски нема да може денеска да сведочи.
На денесното рочисте ќе продолжи прикажувањето на снимките поврзани со упадот во Собранието, и нападот на Села.
В.В.