545
Премиерот, Зоран Заев, ги осудува обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ во врска со случајот „Монструм“ и рече дека опозицијата игра дрско и безобразно. Тој повтори дека сите докази кои ги поседувал се дадени, а дека тоа то го имал било доволно за истрагата да продолжи и настанот да се разобличи до крај.
-Немав намера ни тогаш, а немам ни сега да изигравам истражител. Ако сум имал минимум нешто појасно за јавноста ќе го објавев. Им ги покажав разговорите на родителите на убиените деца за да ја смирам нивната душа. Но на сите нас на кои ин е раздразнета душата треба да ни се смири преку судскиот процес – изјави Заев денеска пред суд, по рочиштето во случајот „Поткуп“.