470
Против 40-годишен скопјанец со иницијали Д.Б. е поднесена кривична пријава затоа што им ги испразни транскациските сметки на две колешки. Д.Б. бил вработен во фирма во Неготино каде им ги украл паричниците на колешките.
„На 19.06.2019 година во Неготино, во просторија од приватна фирма, пријавениот одзел паричници на две вработени, во кои имало парични средства и електронски картици. Истиот ден ги употребил електронските картици и направил 13 трансакции, со што се стекнал со противправна имотна корист“, соопштија од полицијата.