Во тек е пуштањето во употреба на One-stop-shop Табановце-Прешево – заедничко управување на граничните и царински контроли со едно застанување меѓу Република Северна Македонија и Република Србија. Со овој проект треба да се олесни поминувањето на патниците, но и на транспортерите, односно да се скрати времето на чекање на граничниот премин.
За патниците и транспортерите кои од Србија ќе се движат кон Северна Македонија граничната служба на Србија ќе спроведе излезна контрола на територијата на Северна Македонија на граничниот премин Табановце, додека контролата за оние кои патуваат од Северна Македонија кон Србија излезната контрола македонските гранични служби ќе ја спроведат на територијата на Србија, на граничниот премин Прешево.
Заедничкото царинење треба да резултира со поуспешно откривање на нелегални прекугранични активности, а со тоа и да се зголеми безбедноста.
Пуштањето во употреба на One-stop-shop на граничниот премин Табановце-Прешево
Во живо од пуштањето во употреба на One-stop-shop на граничниот премин Табановце-Прешево – заедничко управување на граничните и царински контроли со едно застанување меѓу Република Северна Македонија и Република Србија. 🇲🇰 🇷🇸
Publiée par Zoran Zaev sur Lundi 26 août 2019