Унгарските медиуми соопштија дека на осудениот екс премиер, Никола Груевски, експресно му е одобрено барањето за политички азил во Унгарија. Иако нема официјална потврда на информацијата, од кабинетот на унгарскиот премиер, Виктор Орбан, велат дека при постапката во предвид биле земени повеќе фактори, вклучувајќи го судството, но и условите во македонските затвори.
На вчерашните пратеничките прашања во унгарскиот парламент шефот на кабинетот на Орбан, Гергели Гулаш, рече дека во предвид се земени македонскиот правосуден систем и условите во затворите кои се лошо оценети од Европската комисија и Советот на Европа.
Тој додаде дека не е сигурен дека Груевски добил фер судење при изрекувањето на двегодишната затворска казна.
Инаку, Груевски е осуден на две годишна затворска казна за предметот „Тенк“ на СЈО. По изрекување на правосилност на пресудата, беше упатен да ја издржува затворската казна во затворот во Шуто Оризари.