Владата ќе донира 300.000 денари за семејството Зулбеари, кое ги загуби мајката и четирите деца во пожар во Тетово

by fokus

Поттикната од трагичниот настан во тетовската населба Поток, во кој семејството Зулбеари во пожар ги загуби мајката и четирите малолетни деца, што длабоко ја потресе целата македонска јавност, Владата на Република Македонија денеска, ја свика 51-та седница и донесе заклучок за доделување на еднократна парична помош.

Покрај паричната помош во висина од 300 илјади денари за семејството Зулбеари, на седницата е договорено владина делегација да го посети семејството и непосредно да го изрази длабокото сочувство за оваа трагедија.

 

Поврзани новости