505
Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, ја искористи својата смисла за хумот за да го пополни времето меѓу министерскиот состанок и билатералните средби на квадтрилатералниот состанок кој се одржува денеска во Солун. Како што се гледа од видеото објавено на твитер профилот на МНР, најзабавно во друштво на Коѕијас им е на министрите на Албанија и Бугарија.
По состанокот предвидени се билатерални средби. Во тек е таква средба меѓу Коѕијас и македонскиот министер, Никола Димитров, на која ќе се отворат потешките прашања од спорот за името. По средбата се очекува изјава на Димитров.